ГЕФ ПМГ Македонија
КРИВА ПАЛАНКА – ЕНЕРГЕТСКИ ЕФИКАСНА ОПШТИНА - УСПЕШНА ОПШТИНА
Грантист
Регионален Центар за одржлив развој– РЦОР, Кратово
Централна област
Климатски промени/ Енергетска Ефикасност/ Обновливи извори на енергија
ГЕФ ПМГ Оперативна Фаза
5
Период
02/2012– 01/2013 (успешно завршен)
Одобрена сума
18.409 САД$
Проектни активности
Практична еколошка заштита, Едукација/подигање на јавната свест, Показателна и/или инвестициска активност
Партнери
Општина Крива Паланка
Кофинансирање
Општина Крива Паланка и грантист
Контакт и Адреса
Борјанчо Мицевски ул. Гоце Делчев 24 1360 Кратово тел 031/481-542 моб. 070/306-647 е-пошта:
[email protected] www.regionalencentar.org.mk
Implemented by UNDP and Executed by UNOPS
Бул. Водњанска 15/6, 1000 Скопје Тел/факс: +389-(0)2-310.99.56 www.gefsgpmacedonia.org.mk Е-пошта:
[email protected] http://sgp.undp.org
Проектно финансирање Финансиски извори
Сума САД$ Сума САД$ (готовина) (не готовина)
ГЕФ ПМГ
18409
0
Општина Крива Паланка
7826
750
РЦОР, грантист
1912
7365
28147
8115
Опис на проектот Општина Крива Паланка се наоѓа во северо-источниот дел на Република Македонија и во неа според последниот попис на население живеат околу 20.500 жители од кои околу 14.000 се во градскиот реон. Како општина, од ден на ден, таа се повеќе се развива во модерна и современа општина, обидувајќи се да ги следи сите социо-економски трендови во општеството и пошироко. Со овој проект започна позитивен тренд за замена на постоечките живини светилки со енергетски ефикасни светилки. Овој проект е во целосна согласност со програмата за енергетска ефикасност. Главна цел на проектот е намалување на загадувањето на животната средина особено со стакленички гасови преку превземање на енергетскоефикасни мерки вo општина Крива Паланка. Проектните активности вклучуваа: • Намалување на трошоците за енергија во јавното осветлување во Општина Крива Паланка. • Поставување и замена на внатрешно осветлување на енергетско-ефикасни светилки во неколку воспитно образовни институции. • Медиумска промоција на активностите на проектот преку средствата за јавно информирање. • Развој на капацитетите преку спроведување на обуки на наставен кадар, ученици и волонтери за примена на техниките на енергетска ефикасност. • Пренесување на позитивни искуства и применливост на проектот во 4 општини во северо-источниот дел на Р. Македонија.
Проектни достигнувања • Замена на 309 обични со штедливи светилки во воспитно образовни институции (две основни училишта •
• •
•
и еден ученички дом) во Општина Крива Паланка Како резултат на тоа, на годишно ниво ќе биде намалена емисијата на околу 19.908 kg/CO2. Одржани 4 работилници на кои присуствуваа 174 претставници од локалните здруженија, ученици и наставници од средни училишта, локалното население, бизнис-секторот и претставници на општината Крива Паланка. Учесниците се стекнаа со теоретски знаења за енергетска ефикасност и се здобија со практични информации и совети за секојдневно штедење на енергија во домовите, а дел од присутните како технички персонал или предметни наставници беа обучени за конкретни примени на мерките за ЕЕ во нивните институции. Во насока на поголема информираност на целокупната јавност на локално и регионално ниво и за зголемување на нивото на транспарентност изработени се и дистрибуирани се промотивни материјали: флаер и прирачник за енергетска ефикасност. Распишaн конкурс за ликовна и поетска творба на тема “Енергетска ефикасност“ на тема „Вреди за иднината за се штеди“. На конкурсот од вкупно пријавените 356 творби од кои 235 ликовни и 121 литературна, доделени се 9 главни награди во три категории, 14 утешни награди и една награда за колективна ликовна изработка во ПООУ „Илинден“. На сите прво рангирани им беа доделени дипломи и скромни награди во вид на книги како и соодветен број на штедливи светилки. Сите проектни активности постојано беа промовирани преку 25 интервју или соопштенија на локални и национални медиуми.
Следни планови ЗГ ќе продолжи да работи на спроведување на активности и проекти од областа на ЕЕ и отворена е можноста за репликација на оваа идеја во други институции и општини во регионот. Заштедата на средствата од штедливите сијалици ќе се користи за продолжување со замената и на останатите живини сијалици.
Implemented by UNDP and Executed by UNOPS
Бул. Водњанска 15/6, 1000 Скопје Тел/факс: +389-(0)2-310.99.56 www.gefsgpmacedonia.org.mk Е-пошта:
[email protected] http://sgp.undp.org