ГЕФ ПМГ Македонија
Намалување на испуштање на НоЗ/РоРѕ преку намалување на пластична амбалажа со рециклирање во Гевгелија и Богданци
Грантист
Здружение на граѓани ПОДДРШКА, Гевгелија
Централна област
Хемикалии/Неразградливи Органски Загадувачи
ГЕФ ПМГ Оперативна Фаза
5
Период
02/2014– 02/2015 (успешно завршен)
Одобрена сума
11.062 САД$
Проектни активности
Практична еколошка заштита, Едукација/подигање на јавната свест
Партнери
Локална општина Богданци, Локална општина Гевгелија, ЈКП Комуналец - Гевгелија, ЈКП Комунална чистота— Богданци, Близнак-ком
Кофинансирање
Локална општина Богданци, Локална општина Гевгелија, ЈКП Комуналец - Гевгелија, ЈКП Комунална чистота Богданци, Близнак-ком и грантист
Контакт и Адреса
Димитар Чучанов, Маршал Тито бб, 1480 Гевгелија, моб. 071357339, е-пошта:
[email protected]
Implemented by UNDP and Executed by UNOPS
ул. Мајка Тереза 15/6, 1000 Скопје Тел/факс: +389-(0)2-310.99.56 www.gefsgpmacedonia.org.mk Е-пошта:
[email protected] http://sgp.undp.org
Проектно финансирање Финансиски извори САД$
Готовина Неготовина
ГЕФ ПМГ
11062
0
Локална општина Гевгелија
1364
300
Локална општина Богданци
0
1564
ЈКП Комуналец - Гевгелија
2170
400
ЈКП Комунална чистота, Богданци
1240
400
Близнак-ком
0
1862
Поддршка, грантист
757
1005
ВКУПНО
16.593
5.531
Опис на проектот Главна проектна цел: намалување на количините на POPs (НОЗ) преку одржливо управување дел од цврстиот, пластичен комунален и земјоделски отпад. Главни проектни активности: • Зајакнување на капацитетите на здруженијата, месните заедници и училиштата спроведување на проект, водење акција, планирање зелен бизнис. • Едукација на младите луѓе за штетноста на отпадната пластика, фолија и НOЗ по здравјето човекот, животните и почвата. • Едукација на населението за примарна селекција и собирање на ПЕТ амбалажа домаќинствата, училиштата и земјоделието.
на за на во
Проектни достигнувања • Создадени се собирни места за амбалажа и поставени контејнери во основните и средните училишта во општините Гевгелија и Богданци. Преку соработка со двете општински комунални претпријатија, воспоставен систем за примарно собирање и реупотреба на ПЕТ пластична амбалажа и отпадни фолии. Собрани се 630 кг пластика, а со тоа и неиспуштање на диоксини и фурани. • Организирани предавања за учениците во основните и средните училишта за штетноста на отпадната пластична амбалажа и можностите за нивна реупотреба и рециклирање. Опфатени 3.648 ученици, 348 наставници и други вработени во училиштата. Воспоставена соработка со училишните Еко тимови, како и со Советите на родителите кои дадоа поддршка на проектните активности • Одржани две јавни манифестации во Богданци и Гевгелија, со учество на ученици од основните и средните училиште кои изработија скулптури од пластична амбалажа и ги изложија во градските паркови. Манифестацијата беше пропратена со културно уметничка програма од самите ученици преку забавни, драмски точки и рецитали. • Изработен, отпечатен и дистрибуиран едукативен и промотивен материјал (5.000 летоци и 60 плакати) за учениците и локалното население за намалување на загадувањето преку собирање и рециклирање на отпадната пластична амбалажа и земјоделска фолија. • Спроведена работилница за зајакнување на капацитетите на здруженијата, училиштата и организациите кои се вклучени во проектот. Одржани се 10 трибини каде беше претставен проектот и неговата цел, за штетното влијание на пластичниот отпад во животната средина како и последиците по човековото здравје. • Информирани граѓани за штетноста на НОЗ т.е. диоксини и фурани, преку локалните Телевизиски, радио и печатени медиуми. Следни планови Поддршка планира да продолжи со проектните активности и во следните школски годни, со организирање на средби со еко-тимовите и директорите од училиштата. Продолжување на соработката со општините и Комуналните претпријатија исто така е планирана со проширување на активностите како и воспоставување нови кои се од интерест на локалната заедница.
Implemented by UNDP and Executed by UNOPS
ул. Мајка Тереза 15/6, 1000 Скопје Тел/факс: +389-(0)2-310.99.56 www.gefsgpmacedonia.org.mk Е-пошта:
[email protected] http://sgp.undp.org